Галеб повеќе нема да вози кон Свети Наум

А.Д. Галеб од Охрид од како претходно прекина да ги одржува линиите меѓу Охрид и Струга, сега се повлекува и од линиите од Охрид кон Свети Наум ( во кои спаѓаат и крајезерските села)

Од Галеб ја известиле општината за оваа нивна одлука, која ја образлагаат со неисплатливост и финансиски загуби заради одржувањето на овие линии.

Од општина Охрид велат дека веќе започнале постапка за издавање дозволи за дург превозник кој ќе ги одржува линиите кон Љубаништа и Свети Наум.

Close