Чесите се откажаа, Македонија ќе игра на ракометното Светско првенство во Египет

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) го потврди она што беше извесно уште откако Чешка објави дека не е во можност да отпатува на Светското првенство во Египет.

ИХФ на својата официјална интернет страница потврди дека Македонија ќе учествува на Мундијалот затоа што одамна беше посочена како прва замена, во случај некоја од репрезентациите да се откаже.

Своето место како прва замена, Македонија го заслужи бнлагодарение на 15. место на ланското Европско првенство.

Close