Словенечките полицајци во штрајк од утре

Словенечката полиција утре почнува „бел“ штрајк, што може да влијае на сообраќајот на граничните премини со Хрватска, соопшти денеска Полицискиот синдикат на Словенија.

Штрајкот почнува во 7 часот наутро.

Синдикалците се незадоволни затоа што не беше реализиран договорот со поранешната влада, според кој на некои категории полицајци требаше да им се зголемат платите.

Тие тврдат дека сегашната влада го поништила тој договор со закон донесен во септември, без консултација со синдикатот.

Close