ВМРО ДПМНЕ ќе ги рехабилитира пратениците кои ги прогласи за предавници ?!

„Предавниците“ кои го сменаа името на државата покрај тоа што ќе се амнестирани од Зоран Заев , сега ќе се и политички рехабилитирани од Кристијан Мицкоски ?!

ВМРО ДПМНЕ размислува да ги врати во своите редови осумте пратеници кои беа исклучени од партијата од како со нивните гласови Зоран Заев обезбеди двотретинско мнозинство запромена на името надржавата во Република Северна Македонија.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вчера во дуелот со премиерот Зоран Заев ја отвори оваа можност во јавноста.

-Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Би бил незрел политичар ако речам дека не би ги вратил. Апсолутно е можно, секогаш постојат секакви можности – рече Мицкоски.

Тој додаде дека на средбата со оваа независна пратеничка група ги презентирал принципите на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, но и за Законот за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира иднината на СЈО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close