Нов земјотрес во Хрватска со јачина од 3,9 степени

Околу 18.25 часот, нов земјотрес ја погоди Хрватска. Според ЕМСЦ, јачината на земјотресот била 3,9, а епицентарот бил на 4 километри југозападно од Сисак.

Според изјавите на локалното население, земјотресот се почувствувал доста силно и траел околу десет секунди. Граѓаните известуваат дека тој се чувствувал силно во областа Сисак и Петриња, а нешто послабо во Загреб.

ЕМСЦ исто така известува дека ова е 57. земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 73 часа.

Земјата во областа Бановина продолжува да се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени, што ги погоди Петриња и околината во вторникот, на 29 декември. По тој земјотрес следеа низа последователни потреси.

Close