Илон Маск стана најбогатиот човек во светот


Лидерот на Тесла и Спејсекс го зазеде првото место во рангирањето откако денес скокна цената на акцијата на Тесла.
Досега првото место му припаѓаше на основачот на Амазон, Џеф Безос, кој го држеше од 2017 година.
Вредноста на компанијата за електрични автомобили „Тесла“ на Маск се зголеми оваа година и во средата првпат достигна пазарна вредност од 700 милијарди долари.

Тоа ја направи компанијата повредна од Тојота, Фолксваген, Хјундаи, ГМ и Форд заедно.
На веста дека станал најбогатиот човек во светот, Маск на Твитер напиша „Баш чудно“.