Таневски: СДСМ донесе Кодекс за однесување на членови и функционери на СДСМ

Вечерва се одржа 18-та седница на Централниот одбор на СДСМ на која беше донесен правилник за начинот и постапката за ажурирање на базата на податоци на членови на СДСМ и активна регистрација, напиша на својот Фб профил пратеникот и претседател на ОО СДСМ, Лазе Таневски.
Таневски во објавата додава:
На истата седница се донесе и одлука за формирање на Форум на пензионери. Потоа, беше донесена одлука за донесување на Кодекс за однесување на членови и функционери на СДСМ.
Продолжуваме со активности кои придонесуваат за подобрување на ефикасноста и функционирањето на СДСМ!
Close