Повеќе разводи, помалку бракови годинава

Годинава е намален бројот на склучени бракови покажуваат податоците од Управата за водење на матични книги. Годинава 7 илјади парови склучиле брак, што е за 4500 помалку од претходната година. Причините за тоа е пандемијата која трае веќе десет месеци и со себе донесе забрани за масовни собири, веселби и дружења. Беа откажани претходно закажаните свадби и венчавки, а мал е бројот на оние кои се решија да склучат брак само пред матичар. За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Присуството на гостите беше сведено на минимум со почитување на пропишаните мерки за заштита, како одржување дистанца, носење маски и дезинфекција.

 

Close