Година на страдања и катастрофи – што предвидела баба Ванѓа за 2021 година

Баба Ванѓа, слепата гатачка од Бугарија, почина пред 24 години, но нејзините пророштва сè уште ја интригираат јавноста.

За 2021 година, таа предвидела дека ќе биде година на страдања, катаклизми и големи катастрофи.

Вангелија Гуштерова – попозната како Баба Ванѓа го изгубила видот на 12-годишна возраст и тврдела дека Бог и подарил видовитост. Таа има направено предвидувања до 5079 година, кои се објавуваат секоја година.

Имено, таа наводно успешно го предвидела нападот врз кулите близначки од 11 септември, како и познатиот „Брегзит“.

За 2021 година таа кажала дека ќе биде година на страдање. За познатиот актуелен американски претседател Доналд Трамп предвидела дека ќе се разболи од мистериозна болест откако ќе ја напуштила Белата куќа. Таа навела дека од болеста тој ќе стане глув, и дека тоа ќе влијае на неговите мозочни клетки.

Според нејзините пророштва, некој ќе се обиде да го убие рускиот претседател Владимир Путин, додека пак хемиско оружје ќе се користи против Европејците.

Ванѓа предвиде дека лек за рак ќе се најде во наредната година со зборовите „ќе дојде денот кога ракот ќе се заузда со железни ланци“. Производството на бензин ќе престане бидејќи возовите треба да започнат да ја користат сончевата светлина.

„Доаѓаат тешки времиња. Луѓето ќе бидат поделени според нивната вера. Сведоци сме на разорни настани што ќе ги променат верата и судбината на човештвото“, предвидела Баба Ванѓа.

Close