Сончев петок, од утре врнежи

Денеска времето во Македониа ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

За време на викендот под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец. Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

https://www.youtube.com/watch?list=PLwGcp8Qjko-2m2s-LRettOAsTxLsdtH-d&fbclid=IwAR1ksbSa8qDwtgw8_SI6LiIffgG7h8CNqRFRHJXN7Pn5F8_ZDR_nH48aXNk&v=DmZb88NlZEc&feature=youtu.be
Close