Едно од прегазените братчиња со тешки повреди, додека другото е во животна опасност

Двете момчиња кои синоќа беа прегазени на улицата “Железничка” во Охрид се борат за живот.

Едното е на возраст од 11 години првично задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. Тоа според извори на болницата во костозглобна во стабилизирана состојба во текот на ноќта беше транспортирано во Скопје.

Додека пак другото братче е на возраст од 19 години  е со тешки повреди на главата. Веднаш  бил префлен на неврохируршка клиника во Скопје, но на инсистирање на родителите најверојатно момчето ќе биде пренесено во Систина. Тој е во животна опасност.

Охридската јавност е видно вознемирена од овој трагичен настан дотолку повеќе што двете лица според првите неофицијални информации се прегазени додека оделе на тротоар.

Во исчекување на официјална информација од полицијата ( која скоро 12 часа нема испратено официјално соопштение), на социјалните мрежи вниманието веќе се насочува кон Судот кој има имиџ на една од најкорумпираните институции каде одговорните доколку имаат пари лесно со купуваат пресуди.

 

Close