Не се откажува лесно, ѕвездата од “Беверли Хилс” се бори со тешката болест

Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, пред неколку месеци ја откри лошата вест дека повторно ѝ се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилен, четврт стадиум.

Светските медиуми информираа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за сопствената смрт. Таа дури тврдеше дека си одбрала и фустан за своето вечно почивалиште.

Сепак, магазинот National Enquirer им даде мала доза надеж на нејзините фанови во својот најнов натпис во кој се тврди дека Шенон не се помирила со најлошото, туку дека очајнички се обидува да пронајде алтернатива, „чудотворен“ лек кој ќе ѝ го спаси животот.

Извор близок до актерката открива дека Шенон се свртела кон алтернативната медицина, конкретно кон кинеската. Не се откажала од традиционалните западни методи на лекување, но се обидува да пронајде лек на природна база кој ќе може да ја спаси, бидејќи хемотерапијата не ѝ помага.

„Посетува повеќе специјалисти од областа на алтернативната медицина дури се’ уште има сила да го прави тоа. Оди на акупунктура и пие мешавина од разни необични и лековити билки кои наводно го успоруваат ширењето на канцерогените ќелии“, открива истиот извор.

 

Close