Родното место на Исус не ги откажа Божиќните традиции

Со својата голема елка со блескава црвена ѕвезда на врвот, Плоштадот на јаслите во Витлеем е украсен за Божиќ, но оваа сезона не е така радосна.

Во 2019, десетици илјади луѓе го посетија овој мал град на окупираниот Западен Брег за празниците, а рекордни бројки го следеа туризмот низ цела година. Сѐ до пандемијата, се чинеше дека ова ќе биде уште една добра година.

„Пополнетоста на капацитетите беше 90%. Сите инвестираа во овој сектор. Бизнисмени почнаа да градат хотели. Јас отворив 22 нови луксузни соби. Сега сѐ е мртво. Тажно изгледа“, вели Маријана ал-Арја, генералната менаџерка на хотелот „Ејнџел“.

Токму тука во март се појавија првите случаи на коронавирус на Западен Брег, донесен од грчки туристи. Два месеца подоцна, Ал-Арја мораше да отпушти 25 вработени и да го затвори хотелот.

„Ова е местото каде што е роден Исус. Сигурна сум дека туристите ќе се вратат во Витлеем, но за тоа треба време. Чекаме целиот свет повторно да се покрене“, вели Ал-Арја.

Освен хотели, се затворија и ресторани и продавници за сувенири.

Close