Кривични пријави за незаконит риболов

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.(38) од охридското село Трпејца и Р.Б.(36) од селото Пештани поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

Тие на 02.12.2020 биле затекнати на плажа на брегот на Охридското езеро, во близина на населбата „Лагадин“, при излегување од пловен објект во водите на Охридско езеро, при што полициските службеници пронашле и одзеле 110 парчиња риба белвица, 30 парчиња риба грунец, помала количина риба клен, мрена, како и девет рибарски мрежи.

Пронајдените предмети биле предадени во Јавната научна установа „Хидробилошки завод“ Охрид.

 

Close