Mагла на Попова Шапка, сообраќајот умерен по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по влажни коловози, со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка е намалена до 30 метри.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 миинатиот месце во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2021 година.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила до 1 април 2021 година.

Close