(ФОТО) Каква година, такви декорации, социјалните мрежи вријат од „уникатни“ новогодишни елки

Овој период граѓаните ја покажуваат својата креативност во новогодишно декорирање на своите домови, канцеларии… А градовите на сообраќајниците, плоштадите. Кој со повеќе, кој со помалку средства од буџетот но целта е амбиентот да се направи поубав, попривлечен, поведар, пооптимистички за годината која следува.

Но, се чини дека не се сите креативни, туку напротив деновиве на социјалните мрежи видовме и многу комични фотографии.

Од она што граѓаните го постираат на ФБ и останатите социјални мрежи, би рекле дека може да одбираме најкомична. За вечерва убедливо на првото место е елката во Струга, која за среќа можеби подолго ја местеа, отколку што стоеше. Не го ни виде новиот ден, по серијата негативни коментари.

Ова беше елката во Струга.

Не дочекавме да видиме дали надлежните и ќе ја наќитат, а веќе е тргната.

фото: VOX Struga

Но, не е само Струга со вакви уникатни декорации.

Битола декорираше со ЗДРАВЈЕ…

По оваа декорација со став се јавија од Општина Битола. Во дописот од општината меѓу другото се вели:

Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат.
Денешната техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст.
Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство.

Креативни беа и велешани.

Но, кога подобро ќе размислиме, каква година, такви декорации. Само што побрзо да ја испратиме 2020, која ретко кој ќе ја памети по нешто убаво.

Но, да останеме со верба дека Новата ќе биде многу поубава и поперспективна.

Close