Почина Видое Видически

Почина Видое Видически,  хроничар на град Охрид. Видически во далечната 1957 година  го основал и бил прв директор, новинар и спикер на локалната радиостаница  Радио Охрид.

Видое Видически е роден е во Охрид 1931 г.Основно образование и гимназија завршил во својот роден град, Филолошки факултет во Скопје. Видически беше член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 г.

По завршувањето на средното образование, работел како постојан дописник на Радио Скопје  од Охрид.По половина година прекинува со работењето за да започне со редовни студии во Скопје.

Во 1955 г. како прв директор го основа Околискиот историски архив во Охрид.

Две години подоцна го основа Радио Охрид.

Во 1969 г. како директор на Домот на културата  му го менува името во Дом на култура „Григор Прличев “ и од тогаш во чест на големиот творец ја организира манифестацијата „ Прличеви беседи “ во Охрид.

Видое Видически автор е на делата:

СИНИ ПИТОМИ УТРИНИ , песни издадени 1959 г.

БРЕГОВИТЕ СЕ НЕМИРНИ , драма изведена 1961 г. а печатена 1963 г.

БАЛАДА ЗА ОРКАНАТА , драма печатена 1964 г. а изведена 1968 г.

ГОЛЕМАТА ШУМА – прв дел , рома за деца и млади издаден 1970 г.

МАЛИОТ ОДРЕД , тв серија од 10 епизоди снимена и емитувана 1977г. на ТВ Скопје .

ГОЛЕМАТА ШУМА, прв и втор дел , роман за деца и млади издаден  1986 г, а 1994 г. го доживува петтото издание.

ВЕЧЕРЕН ПЕЈЗАШ ОД ГРАДОТ, песни издадени 1988 г.

ТАИНСТВЕНИ ВОДИ , роман за деца и млади издаден во 1990 г. а во 1994  доживува второ издание.

ЗАРОБЕНИЦИ НА ВЕЧЕРНИТЕ ИГРИ , раскази издадени  1993 г.

ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНИТЕ РОЗИ , роман за деца и млади издаден 1994 г.

ПРИКАЗНИ ЗА ДАМЈАНА , раскази за деца издадени 2003 г.

КАЖУВАЊЕ НА ЗАДОЦНЕТИОТ ПРОРОК , песни  издадени 2003 г.

ВИЕ  песни издадени 2009 г.

Објавил повеќе песни и раскази во периодиката  и дневниот печат.Застапен е во зборници и антологии . Преведуван е на ; италијански, француски, руски,турски и романски јазик.

Видически беше добитник на многу награди :

Наградата на РТС  на Струшките вечери на поезијата во 1971 г.

Награда на книгоиздателството „детска радост “ од Скопје за најдобра книга  меѓу двата САЕМА НА КНИГАТА  1994 г.

Издавачката куќа „Дијалог “ од Скопје за збриката песни ВИЕ го награди Видически со награда за најдобра книга за 2009 во конкуренција на 12 наслови од сопствената продукција.

СЕДМО НОЕМВРИСКА НАГРАДА  на град Охрид  1977 г.

 

 

 

 

Close