Како да бидете поекономични на патување во Европа

Планирате патување до некоја европска дестинација за ова лето? Ако е така, можеме да бидеме корисни со интересни предлози, благодарение на кои ќе заштедите пари.

Лондон – јадете поевтино во пабовите.

Ако треба да каснете во Лондон и немате намера беспотребно да давате пари, можете да ги искористите предностите на промоциите во англиските пабови. На пример, за околу 7 фунти ќе добие две менија наместо едно.

Париз – Планирајте патување околу првата недела од месецот.

Сите музеи во главниот град на Франција се со слободен влез во првата недела од месецот. Меѓу нив се Лувр, Музејот на Пикасо, Музејот на Роден и други. Некои музеи пак се бесплатни секоја недела во часовите помеѓу 10:00-13:00.

Барселона – Заштедете пари со јавниот транспорт.

Еднократно патување во Барселона со метро или автобус чини 1,40 евра. Ако планирате да патувате често низ градот, користете ја можноста да си купите картичка која ви овозможува да направите 10 патувања со било каков превоз да одлучите да користите. Картата чини 7,85 евра.

Рим – платени 0 денари за посета на музејот на Ватикан.

Не се обидуваме да ја лажеме администрацијата на најпопуларната атракција во Ватикан. Едноставно ве информираме дека ако се случи да сте во Рим во последната недела од месецот, можете да си заштедите 15 евра. Токму во тој ден влезот е слободен. Одете што е можно порано во текот на денот!

Даблин – користете промоцијата „рана живина“.

Може да мислите дека исхраната надвор е скапо задоволство, но благодарение на промоцијата „рана живина“, тоа не е така. Коритете ги намалувањата на часовите помеѓу 17:00 и 20:00 часот.

Амстердам – да одиме на бесплатен концерт.

Секој вторник на пладне – 12:30 од септември до мај, „The Boekmanzaal“, кој е дел од операта, изведува бесплатни концерти.

Венеција – да се напиеме поевтино вино.

Долгите и романтични прошетки низ градот на љубовта често се придружени од шише минерална вода во рака. Наместо да ги фрлате празните шишиња, отидете до некој од бројните дуќанчиња и налејте си вино за 2,10 евра за литар.

Прага – бесплатна посета на музеј.

Во одредени денови дел од музеите во Прага не земаат надомест за влез. Меѓу нив се Националниот музеј – секој прв понеделник од месецот, а повеќето галерии имаат слободен влез секој прв вторник на месецот. Градскиот музеј на Прага пак пушта посетители бесплатно секој прв четврток од месецот.

Мадрид – бесплатна посета на два од најпопуларните музеи.

Ако планирате да го посетите Мадрид во текот на викендот и во програмата ви присуствуваат „Reina Sofia“ и „Prado art galleries“, имаме добри вести – галеријата „Reina Sofia“ прима посетители бесплатно во сабота по 14:30 часот и во целиот неделен ден, а во „Prado“ можете да влезете бесплатно во недела.

Берлин – Одвојте пари за „Museuminsel“.

Сакате да посетите дел од националните музеи во Берлин? Планирајте посети по четврток попладне – по 14:00 часот сите се бесплатни. Музеите се вкупно 16.

Фиренца – уживајте во најдобар поглед.

На 20 минути пеш од „Ponte Vecchio“, „Piazzale Michelangelo“ обезбедува можност за уникатни глетки. Зајдисонцето е незаборавно!

Виена – купете евтини билети за опера.

Само за 4 евра можете да уживате на ремек дело како „Травијата“. За таа цел отидете до операта 2 часа пред претставата. Секогаш се наоѓаат слободни места, бидејки поради некакви околности некои од резервираните се спречени да дојдат.

Минхен – „Glockenspiel“.

Секој ден од 11:00 до 12:00, илјадници луѓе се собираат за 15-минутно шоу, во кое 32 живи фигури го претствуваат традиционалниот танц „Cooper’s Dance“.

Единбург – уживајте во евтина храна само затоа што сте турист.

Сопствениците на пабот „The Last Drop“ во „Grassmarket“ веројатно биле туристи во претходниот живот, бидејќи им помагаат на сите кои патуваат со ограничен буџет.

Будимпешта – вратете ги парите назад кога излегувате од бањата.

Влезот во некои бањи во Будимпешта чини 2.500 злоти. Но во некои бањи (како „Gellert Baths“ и „Szechenyi Baths“) можете да си ги вратите парите назад, ако ја напуштите бањата до одредено време. Па кога ќе платите 2.300 злоти во „Szechenyi Baths“ ако излезете до 2 часа, ќе добиете назад 700 злоти.

Милано – посетете ја уметничката галерија „Galleria d’Arte Moderna“

Улицата Палестро е една од најпознатите атракции во Милано. Галеријата се наоѓа во куќа, во која некогаш живеел самиот Наполеон. Влезот е бесплатен!

Валенсија – намален буџет, но туристи.

Ако немате премногу пари, вашето решение се бесплатните атракции во Валенсија. Имате многу опции – „Museo de Ciencias Naturales“, научниот музеј во „Jardines del Real“, „La Lonja“ и „Museo de Bella Artes“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close