75 годишна баба, до смрт избодила 7 годишно момче

Како што соопшти полицијата од швајцарскиот град Базел, вчера, околу 12:30 часот попладне, 75-годишна жена нападнала и фатално избодела 7-годишно момче додека се враќало дома од училиште во северниот дел на градот. До смрт е избоден седумгодишниот Мергим Л. -Ученикот е нападнат во 12.45 часот додека сам се враќал од училиште, соопшти полицијата. Неговата учителка додека […]

The post 75 годишна баба, до смрт избодила 7 годишно момче appeared first on Скопје1.мк.

Како што соопшти полицијата од швајцарскиот град Базел, вчера, околу 12:30 часот попладне, 75-годишна жена нападнала и фатално избодела 7-годишно момче додека се враќало дома од училиште во северниот дел на градот. До смрт е избоден седумгодишниот Мергим Л.

-Ученикот е нападнат во 12.45 часот додека сам се враќал од училиште, соопшти полицијата. Неговата учителка додека поминувала покрај местото на злочинот го пронашла тешко повреденото момче во локви крв и веднаш повикала брза помош, но момчето му подлегнало на повредите откако беше примено во болница.

75-годишната старица се предала на полицијата притоа признавајќи го и делото, но не ја открила причината за злочинот кој што го направила.

Бабата е уапсена, а полицијата се обидува да дознае дали осомничената е поврзана на некој начин со детето и со неговото семејство.

Како што дознава швајцарскиот весник Блиц, момчето потекнува од поранешна Југославија, наводно од Косово.

 

The post 75 годишна баба, до смрт избодила 7 годишно момче appeared first on Скопје1.мк.

Close