(ВИДЕО) Нов закон за оружје во Нов Зеланд и молитва за загинатите

Премиерката на  Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека нејзината влада и пратениците  донеле закон со кој се забранува употребата на полуавтоматско оружје и јуришни пушки , како одговор за страшното злосторство во џамиите во Крајстчерч. Новиот закон ќе стапи на сила на 11 април годинава. Инаку денеска пред џамијата каде беа ѕверски убиени 50 верници […]

The post (ВИДЕО) Нов закон за оружје во Нов Зеланд и молитва за загинатите appeared first on Скопје1.мк.

Премиерката на  Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека нејзината влада и пратениците  донеле закон со кој се забранува употребата на полуавтоматско оружје и јуришни пушки , како одговор за страшното злосторство во џамиите во Крајстчерч.

Новиот закон ќе стапи на сила на 11 април годинава.

Инаку денеска пред џамијата каде беа ѕверски убиени 50 верници молитва. Премиерката Џасинда Ардерн заедно со 20.000 луѓе во тишина им оддаде чест на жртвите во паркот Хегли, пред џамијата Ал нур, каде што беа убиени повеќето жртви за време на молитвата минатиот петок.

Ардерн, која брзо го осуди нападот како терористички чин, најави вчера забрана на полуавтоматските и јуришните пушки.

Таа дојде во паркот Хегли во придружба на министрите и безбедносните функционери со црна марама на главата. Полицајки во паркот исто така имаа марами и црвена ружа на униформите.

The post (ВИДЕО) Нов закон за оружје во Нов Зеланд и молитва за загинатите appeared first on Скопје1.мк.

Close