(ВИДЕО) Македонија и Израел одбележуваат 25 години дипломатски односи

Оваа година Израел и Македонија одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

За таа цел и со заложба на нерезидентниот амбасадор на Државата Израел за Северна Македонија, Неговата Екселенција Дан Ориан снимено и заедничко видео кое е преработка на израелска песна која победи на Евровизија, сега преработена на Хебрејски и Македонски јазик.

„Денес славиме 25 години дипломатски односи меѓу Израел и Северна Македонија. Двајцата министри за надворешни работи денес имаа срдечен телефонски разговор. Двајцата шефови на парламентарните здруженија за пријателство го одржаа првиот состанок на ЗУМ и оваа вечер на емитувани се израелски филмови на ТВ Телма и МТВ2. Што може да биде подобро да се заврши таков ден од одлична песна како „Алелуја“ на Коби Ошрат изведена во Кфар Саба и во Скопје со толку многу партнери и пријатели.“ – напиша на ФБ амбасадорот Оријан.

Резултатите кои ги имаме во соработката со Израел минатите 25 години се одлични и се мотив за уште подобри резултати наредните 25 години.

Close