Далип: Кривичната пријава ги потврди моите ставови дека се врши политички прогон

Поднесената неоснована кривична пријава против мене за фејсбук објава ги потврди моите ставови дека се врши политички прогон, малтретирање и деградирање на секој граѓанин кој не мисли како власта и е дел од опозициониот блок предводен од ВМРО ДПМНЕ, вели во својата рекација Демир Далип.

Кога, пред извесно време истакнав дека ,,СДСМ САКА ДА МЕ УБИЕ,, тоа никој не го сфакаше сериозно. Сега, кога ме ,,убиваат,, на рати со за мене непоимливи византиски и здкулисни политички игри, притоа злоупотребувајки ги институциите за лична пресметка со политички неитомисленици, станува јасно дека немаме ДЕМОКРАТИЈА во државата, дека не се почитува Уставно загарантираното право на Слобода на говор и мисла. Полициските службеници, работат за плата, а назначениот полициски службеник, Д.М. имам индиции дека бил пратен да ме казни занаводно неносење на маска, и затоа него лично му се извинив и лично и јавно на мојот фб профил. Ова власт, ми го наруши здравјето. Не треба да се срамам ако истакнам дека сум лице со посебни потреби, кои имаат свои права и слободи и се заштитени како ранлива категорија. Се она што ми се става на товар, го отфрлувам како неосновано бидејки не сум злоупотребил никаков личен податок.Очекувам , крајно професионално Јавното обвинителство да постапи во врска со овој предмет, иако јасно ми е дека ке наидат на влијанија однадвор. Сосема на крај, за овој случај се известени мисијата на ОБСЕ, Германската Амбасада, Мисијатана ЕУ и нејзиниот Амбасадор, Француската и Италијанската Амбасада. Ако, правно не ја добијам битката во Република Македонија,правдата ке ја барам во Судот за човекови права во Стразбур. Јасно е, дека грубо се прекршени одредбите од Универзалната декларација за човековите права слободи и Уставот на Репувлика Македонија. Еден ден, за ова ке се страмат налогодавачите, но и ке сносат одговорност.

Дозволете ми, да истакнам , дека за цело време , наидов на разбирање кај Началниот на СВР-Охрид Г дин Саше Смилески како и Командирот г дин Саше Дончески,кои ми укажуваа дека се ке биде во ред, но….???!!!

Со почит,
Дипл.правник Демир Далип

 

Close