Братот на Спасески Охридски: Мојот брат беше исклучителна личност со искрено срце и голема душа која остави траг во вечноста

Ви се заблагодарувам за изразеното искрено сочувство. Мојот брат беше исклучителна личност со искрено срце и голема душа која остави траг во вечноста.
Нека почива во мир во вселената на ангелите, каде што и самиот е ангел, напиша на својот ФБ профил братот на докторот и уметник Драган Спасески Охридски кој почина поради компликации од корона вирусот пред една недела.
Постот има и заедничка фотографија и уметничка слика создадена од Драган Спасески Охридски која е насловена „Вселена на ангелите“.
Close