86 прекршоци за неносење лична заштита

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 86 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-26, Струга-26, Кичево-32, Дебар-02).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 54 контроли врз угостителски и други објекти.

Close