Коњаноска: Охридскиот Совет со скандалозна одлука на денешната 52-ра седница

Нацрт-програмите , фискалната стратегија и нацрт-буџетот, беа во фокусот на денешната седница на Советот на општина Охрид.

Како што истакна координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска, кога ќе се погледнат истите се добива впечаток дека се однесуваат за некое друго време, време во кое нема ниту пандемија, ниту се погодени основните стопански дејности на градот, нема сиромаштија и граѓани кои останале без работа.

– Замислете, во Програмата за локален економски развој општината учествува со само 2 милиони денари (останатите се од проекти), Во Програмата за развој на туризмот во делот на ублажување на последиците од пандемијата со само 1.800.000 денари, вкупниот износ со кој се буџетира заштитата на животната средина е нешто над 4 милиони денари, за социјална заштита ннешто над 3 милиони денари, за култура 5.400.000 денари, за детска заштита 6.500.000 денари, а за спорт неверојатни 20.765.000 денари. Никој не ја спори важноста на спортот и потребата истиот да се поддржува со средства од буџетот на општината. Ама да предвидите само за спорт, колку за: ЛЕР, за активни мерки за ублажување на последици од КОВИД-19 кризата, за животна средина , за социјална заштита , за култура и за детска заштита заедно е навистина скандалозно, нагласи Коњаноска.

Close