(ВИДЕО) Рускиот пратеник уапсен поради истрага за убиство

Рускиот пратеник, Рауф Арашуков, уапсен е денеска во рускиот парламент, поради сомнение дека договорил две убиства.

Рускиот пратеник, Рауф Арашуков, уапсен е денеска во рускиот парламент, поради сомнение дека договорил две убиства.

Истражителите се сомневаат дека Арашуков организирал убиства на две истакнати личности во Карачајево-Черкезија во 2010 година.

Истражувачкиот комитет соопшти дека Арашуков, кој го претставува регионот Карачајево-Черкезија, северен Кавказ уапсен е откако во Горниот дом на рускиот Парламент на Советот на Федерацијата се гласаше за укинување на имунитетот.
Арашуков е син на истакнат бизнисмен. Тој во 2016 година стана најмлад член на Советот на федерацијата на 31 година.

Рускиот портал РБЦ минатата година повикувајќи се на неименувани извори блиски до истрагата објави дека три лица сведочеле против Арашуков обвинувајќи го дека организирал убиство на истакнат локален активист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close