Институт за национална историја: Македонската евроинтеграција не смее да се условува со туѓи историски влијанија

Институтот за национална историја во врска со, како што велат од таму, актуелното политичко оспорување на македонската национална историја и идентитет.

„Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација“, се наведиува во соопштението.

Од Институтот посочуваат дека евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на, како што се вели, влијанија и историски вистини од други национални историографии.

„Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат одредни исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи“, велат од Институтот за национална историја.

Close