(ВИДЕО) Мигрант запали автобус полн со деца во близина на Милано

Италијански возач на автобуси од сенегалско потекло се обидел да запалат автобус со 51 лице, претежно деца и нивните родители, објави „Раи њуз 24“. Човекот, наводно, истурил бензин во автобусот, велејќи дека сака да го спречи умирањето во Средоземното Море, а потоа го запалил. Едно од децата успеало да ги повика службите за итна помош кои набрзо пристигнале […]

The post (ВИДЕО) Мигрант запали автобус полн со деца во близина на Милано appeared first on Скопје1.мк.

Италијански возач на автобуси од сенегалско потекло се обидел да запалат автобус со 51 лице, претежно деца и нивните родители, објави „Раи њуз 24“.

Човекот, наводно, истурил бензин во автобусот, велејќи дека сака да го спречи умирањето во Средоземното Море, а потоа го запалил.

Едно од децата успеало да ги повика службите за итна помош кои набрзо пристигнале на местото на инцидентот.

Локалната полиција веќе го уапсила 47-годишниот возач на автобусот, Усеину Су, кој веќе имал криминално досие.

Според медицинските лица, ниту еден од патниците не се здобил со повреди, но 12 деца и двајца возрасни биле однесени во болница со симптоми на труење со чад.

The post (ВИДЕО) Мигрант запали автобус полн со деца во близина на Милано appeared first on Скопје1.мк.

Close