Демир Далип: И јас храбро го поддржувам ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски на „Фејсбук“ и во медиумите

По објавената вест на порталот „Охрид 1“ Дали „Бранкојавјение“ ќе ги охрабри некои „Вмровци“ да пишауваат на Фејсбук ?!  во која се анализира молкот кој од октомври 2017 до сега го зафати речиси во целост поранешниот владејачки градски и партиски естаблишмент на ВМРО ДПМНЕ, со реакција се јави Демир Далип кој реагира дека не е спомнат  во веста како еден од нај редовните поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и во овој период кога многума поголеми и ( барем во јавноста прикажани како похрабри ) замолкнаа во целост.

Интегрално ја пренесуваме реакцијата на Демир Далип:

„Вистина е, дека во континуитет , после одењето на ВМРО ДПМНЕ во опозиција, а со доагање на власт на СДСМ, континуирано, на мојот приватен фб профил, во одредени опозициски портали давам лични ставови, Отворени Писма, Колумни кои кореспондираат со политиките на ВМРО ДПМНЕ.Тоа е лесно проверливо, а и самите грагани-Охригани но и пошироко тоа го препознаваат. Колку за потсетување, ние имаме и Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ, а исто така, пред одржување на Предвремените Избори 2020, ја продолживме соработката со лидерот проф д-р Христијан Мицкоски и со ВМРО ДПМНЕ.Токму, поради тоа мислам дека корекно е да бидам спомнат како еден од ретките кои пишувале статуси, отворени писма, колумни, а кои биле во согласност со политичките определби на ВМРО ДПМНЕ. за што во многу случаи сум бил и политички прогонуван и малтретиран од страна на власта. Ги разбирам и другите лојални членови и коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ, но факт е дека Демир Далип, континуирано, пишувал како подржувач на ВМРО ДПМНЕ и лидерот проф д-р Христијан Мицкоски.

Жалам, што во многу случаеви, многу грагани, се плашат од власта, да го остварат своето право на слобода на говор и мисла, и нивно слободно изразување во јавноста. Тоа, не кореспондира со ,,Европските вредности,,….!!!“

ONE MEDIA ВИДЕО РАЗГЛЕДНИЦА

Close