Сушата повторно убила риби во базените на „Хидробиолошки институт“

Снемува вода во базените на „Хидробиолошки институт“.

 Со пумпи и црева од блискиот поток се испумпува вода во базените за одгледување пастрмки на „Хидробиолошкиот институт“ во Охрид.

Сушата очигледно го стори своето па вода се пумпа само во еден базен и тоа во два канали од базенот додека третиот канал стои празен бидејќи нема вода.

Заради немањето доволно вода која мора да протекува низ базените за да има доволно кислород во водата, угинале дел од рибите кои се чуваат во оваа научна установа.

Инаку ова не е првпат да угине риба во базените каде треба да се размножуваат ендемските видови. Во новогодишната ноќ на преминот од 2011 во 2012 година во овој иснтитут се случи помор на пастрмките кога заради сушата снема вода во базените.

 

 

Close