Историскиот архив во Охрид во полн сјај


Деновиве низ континуирана соработка помеѓу ЛК Лихнидос преку проф. Зоран Тунтев и раководителот на охридскиот архив Доц. Др. Никола Митровиќ Бабе се реализира проектот осветлување на Историскиот архив.
За самиот проект проф. Тунтев ќе истакне дека значајни му се две работи. Прво, пријателство и соработка со Митровиќ. И второ, станува збор за објект со специфичен архитектонски израз, без сомнение еден од најдобрите репрезенти на Брутализмот во Македонија, па затоа заслужува посебно внимание.