Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања: Ни останува да го негуваме споменот на големиот Драган Спасески Охридски

Згасна животот на нашиот колега, пријател, сограѓанин и врвен уметник Др. Драган Спасески Охридски. Не постојат зборови кои можат да ја опишат големината на загубата за семејството, пријателите, медицината и духовноста на Охрид. Изразуваме бескрајно жалење за загубата на уште еден човечки живот, уште еден медицински работник, за заминувањето на Др. Драган. Зад себе остава огромна празнина во животот на блиските, колегите, вљубениците на уметноста, во животот на Охрид. Ни останува да го негуваме споменот на големиот Др. Драган Спасески Охридски!
Да му биде вечна славата!
Close