Охрид тагува, изгуби голем човек – почина познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски

Почина познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски. Спасески беше доктор специјалист по ортопедија, уметник чии дела повеќе од 30 години ги воодушевуваат љубителите на уметноста во земјава и странство, поет, кој истовремено се занимава со дизајн, компјутерска уметничка графика, уредување на ентериери, обожван од охриѓани, ценет во секоја област.

Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург.

Како уметник ги имаше реализирано мултимедијални проекти:„Апокалиптичен нарцис“ (1989 год.), „Сѐ трепери (1996 год), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001), „Охридски ангели“ (2003), „Погледни во себе“ (2004), „Трите точки“ (2008), „Охридски бисери на мудроста“ (2010), „Битолска трилогија“ (2011), „Човек е трепет …и ангелот трепет е …а ти Боже мој…“ (2017 год.), Скоро сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги – поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации.

Спасески Охридски важеше за голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.

Спасески зад себе остави сопруга и син.

Close