Пецаков: Власта и Заев ќе бидат запишани на црните и темни страни од македонската историја

Народот е обединет и мора да се стави крај сега за да не е предоцна на политиките на власта со кои сакаат да ги распродадат националните интереси. Со вечерашниот протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, народот докажа дека става крај на националните понижувања и распродавање на државните интереси. Со натпартискиот протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет заедно со народот испраќаме порака до Зоран Заев дека нема право да ги продава македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја.

Заев го погази достоинството на Македонците и на оние кои ги положиле животите за Македонија.

Со кое право Заев ја негира Антифашистичката борба?

АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи.

Сега се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.

Благодарност до сите што денеска беа заедно со нас со автомобили почитувајќи ги максимално препораките и протоколите за заштита од КОВИД-19, како и до сите оние граѓани кои ни ја даваат поддршката.

Власта и Заев ќе бидат запишани на црните и темни страни од македонската историја.

Само со оставка на Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.

Оставка на Заев, слобода на народот!

Close