Сајкоски од Охрид: Историјата не може да биде прашање за кое што ќе се договараат двајца лидери на две држави, историјата не се решава со два потписи


Денеска ВМРО-ДПМНЕ покрај Охрид протестира во уште шест града во Република Македонија. Сакаме да порачаме до Заев и актуелната власт дека борбата, жртвите, идентитетот и континуитетот на постоење на македонскиот народ не можат да бидат предмет на разговори и договори, истакна на протестот во Охрид Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Сајкоски додаде:
Остро се спротивставуваме на договорот со Бугарија и укажуваме дека веднаш треба да се прекине.

Суверинитетот на една држава се добива со признавање на другите држави. Ние сме признаена држава, меѓудругите и од Република Бугарија. Ама со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување како да си го направи државата. Ние самите можеме да одлучиме за јазикот, може да одлучиме за историјата, за какви учебници во образование ќе имаме.