Денеска се Божиќни поклади а од утре почнува Божиќниот пост

Денот пред почетокот на Божикните пости е наречен Божикни поклади. Постите се период кој му претходи на празникот Рождество Христово – Божик. Постот од 40 дена според црквата се нарекува и Филипов пост, бидејќи започнува по 27 ноември – Денот на споменот на Апостол Филип.

Божикниот пост е востановен за верниците да можат во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост.

Во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.

Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.

Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботните и неделните, како и на големите празници, каков што е празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.

Close