Напад со автомобил на канцеларијата на Меркел во Берлин

Автомобил утрово влетал во капијата на Сојузната канцеларија во Берлин, а како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата потврдила дека напаѓачот е уапсен.

Деталите за инцидентот се уште се испитуваат. Полицијата го прегледува црниот автомобил караван на чии врати со бела боја е напишано „Стоп на глобалистичката политика“, пренесува Мирор.

На другата страна на возилото е напишана порака „Вие проклети убијци на деца и стари“.

На местото на инцидентот се десетина полицајци, но и пожарникарно возило.

Меркел утрово требала да биде домаќин на видео конференцијата на германскиот државен премиер, на која требало да се разговара за продолжување на блокадите и понатамошните черкори во борба против пандемијата коронавирус.

Она што е интересно е дека истиот автомобил  исто така со напишани пораки, удрил во капијата на канцеларијата во февруари 2014 година.

Close