Поранешна еврокомесарка го критикува исклучувањето на компаниите од изградбата на 5G мрежи

Исклучувањето на компаниите врз основа на нивната националност е крајно дискриминирачко, вели поранешната еврокомесарка Вивијан Рединг. Изјавата е дадена во интервју за шведските медиуми за барањата наметнати од властите во таа земја во процесот на избор на добавувачи на опрема за идните 5G мрежи.

Минатиот месец Шведска забрани присуство на опрема од кинески добавувачи во идните 5G мрежи, одлука што беше оспорена на суд од Huawei. Како резултат на овие случувања, шведскиот орган за телекомуникации одлучи да ги одложи тендерите за 5G, што требаше да започнат на почетокот на оваа недела. „Одбивањето на компаниите врз основа на нивната националност е секогаш ризично и не е во согласност со европското дејствување.

Close