Рекордни 3.603 нови случаи на ковид во Хрватска, до Божик да бидат затоврени кафулињата

Денеска во Хрватска треба да бидат објавени нови построги мерки за спречување на ширењето на епидемијата на корона вирусот.

Како што пишуваат хрватските медиуми, се очекува во рамки на тие мерки, од сабота да бидат затворени кафулињата и рестораните.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани рекордни 3.603 нови случаи на заразени со корона вирус, со што бројот на активни случаи се зголеми на вкупно 20.691.

Во истиот период починале 56 луѓе.

На болничко лекување се 2.136 пациенти, а 240 лица се приклучени на апарати за дишење.

Close