Владата додели 6.000.000,00 денари на Охрид за препораките на УНЕСКО

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во износ од 74.500.000,00 денари.

Станува збор за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во вкупен износ од 46.170.000 денари.

Првиот човек на Охрид, градоначалникот д-р Константин Георгиески неодамна информираше дека по добивањето на овие средства ќе бидат одстранети објекти на 4 плажи кои не се во опфатот на ГУП и ќе започне одстранувањето на нелегалните објекти на потегот кон „Св. Стефан“. Според него овие активности биле стопирани затоа што општината немала доволно сопствени средства.

Close