Во Грција 2.135 нови случаи и 101 починат

Во изминатите 24 часа, во Грција повторно е зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19, почина 101 лице, вкупно 1.815 од почетокот на епидемијата, а регистрирани се 2.135 нови случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 95.137 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи, најголемиот број и понатаму е во Солун, вкупно 607, а потоа е областа Атика, поширокиот регион на Атина со 401 случај, 129 во Лариса, а останатите во други делови на земјата.

Од ден на ден, во Грција се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати, денеска се 562, односно 13 лица повеќе од вчера.

Close