Шведска не успеа да ги заштити корисниците на домови за стари лица

epa08341454 Two elderly people with a protective face masks arrive at Las Cruces hospital in Vizcaya, Basque Country, northern Spain, 03 April 2020. Spain faces the 20th consecutive day of mandatory home confinement in a bid to slow down the spread of the pandemic COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/Luis Tejido

Шведскиот инспекторат за здравство и социјална заштита (ИВО) денеска соопшти дека открил сериозни недостатоци во грижата за штитениците на домовите за стари лица во кои илјадници луѓе починале од Ковид-19.

Коронавирусот ги „опустоши“ домовите на стари лица во првиот бран на пандемијата, поради што премиерот Стефан Лофвен во мај призна дека земјата не успеала да ги заштити своите постари граѓани.

– Во својата истрага, ИВО утврди сериозни недостатоци на регионално ниво кога станува збор за згрижувањето што се обезбедува на луѓето што живеат во домови за стари лица, изјави Софија Валстром, генералната директорка на ИВО.

ИВО информира дека ниту еден од 21 шведски регион не бил доволно одговорен околу лекувањето на заразени жители на домови, при што една петтина од пациентите немале индивидуална лекарска процена.

После затишјето во текот на летото, инциденцата на коронавирус повторно се зголеми за време на вториот бран на пандемијата.

Корисниците на домовите за стари лица сочинуваат речиси половина од над 6.400 смртни случаи од Ковид-19 во Шведска.

Close