Пијан маж држи шест деца како заложници во Русија

Маж вооружен со секира држи во заложништво шест деца во стан во предградие на Санкт Петербург, пренесуваат руските агенции.

Извор од безбедносните сили за агенцијата „РИА Новости“ изјавил дека човекот бил пијан, а со полицијата контактирала неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.

Агенцијата „Тасс“ известува дека човекот се забарикадирал во станот со децата, а дека причина за земање на децата во заложништво можеби е неговиот конфликт со сопругата. Тој наводно ја избркал сопругата од станот, а потоа се затворил.

„Тој не ја отвора вратата, не одговара на телефон“, ги пренел извор зборовите на сопругата на пијаниот маж и додал дека за вратата се слуша плачот на деца.

Полицијата преговара со човекот, а тој наводно се заканува дека ќе ги убие децата.

Close