Левица: Колкава е БЕЗБЕДНОСТА на пешаците во охридскиот сообраќај?

Тротоарите во Охрид веќе се претворени во паркинзи за возила. Тоа, секако го отежнува движењето на пешаците, кои наместо на тротоар, приморани се да се движат по коловозите. Ова, особено претставува голем проблем пред влезот на училиштата, каде, секако, загрозена е безбедноста на децата. 

 

Се обидовме да добиеме информации од охридската полиција, зошто не се интервенира барем пред училиштата и не се отстрануваат возилата на несовесните возачи, но ни беше одговорено дека полицијата немала нови тарифи за казни, а пајак службата интервенирала само ако биле во близина и ако пајакот бил во исправна состојба. 

 

Додека полицијата ги добие новите тарифи за казнување, останува секој пешак да стравува за својата безбедност, а секој родител да стравува за безбедноста на своите деца. Се надеваме, во име на безбедноста на пешаците и децата во училиштата, началникот на СВР-Охрид ќе се потруди тоа да го среди во најбрз можен рок. 

 

Дотогаш охридската полиција ќе ги ,,лови и казнува граѓаните кои не носат маски и ќе удри и по нивниот ионака тенок буџер, а пешаците ќе се снаоѓаат некако, со надеж дека што поскоро ќе им биде овозможено нормално и безбедно движење.

Close