Руската вакцина ќе биде поевтина од тие на „Фајзер“ и „Модерна“

Цената на руската вакцина „Спутник V“ ќе биде значително пониска од цената на вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, објави Спутник V на Твитер профилот.

Како што е наведено, објавените цени од 19,5 долари по доза на вакцината „Фајзер“ и 25 до 37 долари по доза на вакцината на „Модерена“ всушност значат цени од 39 и 50 до 74 долари по лице, бидејќи на една личност и требаат две дози на вакцината „Фајзер“,„Спутник V“и „Модерна “.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Close