Зошто треба секој ден да јадете лук?

Повеќето лековити својства потекнуваат од присуството на алицин кој ефикасно штити од патогени бактерии, вируси и паразити отпорни на лекови. Лукот е ефикасен и против габичните инфекции.

Кога ќе се проголта, алицинот се претвора во сулфенска киселина, која е најбрз дејствувачки елиминатор на слободни радикали. Најдобар начин да се искористат здравствените предности кои редовно ги нуди овој зеленчук е да се консумира свеж, на тој начин што ќе го згмечите, да почекате 5 минути алицинот да стане активен и потоа да се изеде.

Постојат 4.525 студии поврзани со лукот кои покажуваат дека успешно третира повеќе од 150 болести, како што се инфекциите и болестите на срцето. Лукот е еден од најсилните природни начини за подобрување на здравјето на срцето и спречување на мозочен и срцев удар.

Истражување објавено во Journal of Nutrition, спроведено на 55 пациенти на возраст од 40 до 75 години, со дијагноза на метаболички синдром, покажа дека екстракт од лук ефективно го намалува таложењето во коронарните артерии кај луѓе со метаболички синдром.

Други истражувања покажале дека лукот го намалува крвниот притисок, спречува создавање на згрутчувања, превенира васкуларни тегоби, помага во развивање на крвни садови, спречува оксидација на холестеролот, ги подобрува срцевите мускули, спречува дисфункција на артериите и слично.

Лукот уништува дури 14 видови микроорганизми меѓу кои Helicobacter pylori, Candida Staphylococcus Aurus, Herpes Simplex 1 и 2 и други.

Close