На Хашим Тачи му се заканува казна доживотен затвор

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство во Хаг, Џек Смит, во писмо до судијата на претходна постапка Никола Гај, ги наведува аргументите зошто поранешниот претседател на Косово и водачот на ОВК, Хашим Тачи, треба да биде уапсен. Тој истакна дека доколку обвиненијата се потврдат, Тачи може да биде осуден на доживотна казна затвор.

Во писмото објавено на официјалната веб-страница на Специјалниот суд, Смит наведува дека постои страв дека поранешниот претседател на Косово може да избега, по објавувањето на непотврденото обвинение.

Во писмото испратено до судија на претходна постапка, Смит исто така тврди дека Тачи може да изврши други кривични дела и да ги попречува посебните постапки и посочи дека обвинувањата, кои беа потврдени во Специјалниот суд, може да доведат до доживотен затвор за поранешниот претседател.

Писмото покажува инсистирање на главниот специјален обвинител дека Тачи требало да биде уапсен и испратен во притвор.

Close