ЈАНАКИ МИТРОВСКИ – легалната продажба на марихуаната по кофи шопови мора да оди заедно со можноста луѓето сами дома да си ја засадат

Од Здружението за канабис и зелени политии Билка засега се претпазливи, по најавите за легализација на марихуаната за рекреативно-туристички цели, стравувајќи да не се случи истото сценарио како со легализацијата за производство на медицисни канабис.

Ова следува по најавите на премиерот Зоран Заев дека ова е еден од начините за поголем економски развој и може да му помогне на угостителскиот сектор.

Јанаки Митровски, прв човек на Билка за Канал 5 телевизија изјави дека Билка поддржува продажба по локали, кафулиња, кофи шопови и социјални клубови.

„Меѓутоа, сметаме дека ќе биде нужна и можноста граѓаните дома сами да си засадат и ќе мора да оди заедно со овој пакет. Меѓутоа, најавата, ако убаво ја следите реториката на премиерот Заев во интервјуто, кој вели дека треба да се гарантира потеклото на канабисот, тоа нам јасно ни укажува дека нема да биде дозволено да се засадува за домашна употреба“, вели Митровски.

Исто така, од Билка сметаат дека проблемот нема да се реши ако се остварат најавите дека законското решение ќе предвидува ДДВ од 50 до 70 отсто, бидејќи на тој начин уште повеќе би се поттикнала сивата економија.

Close