МЕЃУ 25 И 37 ДОЛАРИ – толку државите ќе платат за една доза од вакцините на „Модерна“

Вакцината против коронавирусот, фармацевтската компанија „Модерна“ на државите ќе им ја продава по цена од 25 до 37 долари за доза, во зависност од нарачаната количина.

Ова го изјавил извршниот директор Стефан Бансел, кој нагласил дека нивната вакцина чини исто колку и вакцината против грип, што е помеѓу 10 и 50 долари.

Европските официјални лица сакаат да постигнат договор со Модерна за набавка на милиони дози од нејзината потенцијална вакцина по цена помала од 25 долари за доза, пренесе Ројтерс.

„Сè уште ништо не е потпишано, но ние сме блиску до договор со Европската комисија. Ние сакаме да доставиме вакцини во Европа и да имаме конструктивни разговори“, рече тој, додавајќи дека прашање на денови е кога договорот ќе биде готов.

Close