Бајден ќе работи на укинување на смртната казна

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден е против смртната казна и ќе работи на нејзино укинување, изјави денеска неговиот портпарол, додека Министерството за правда закажа уште три федерални егзекуции пред инаугурацијата на 20 јануари.

Затворското биро ја изврши осмата сојузна егзекуција оваа година, по пауза од 17 години, и веројатно ќе го зголеми притисокот врз Бајден да одлучи дали неговата администрација ќе продолжи да закажува егзекуции по заклетвата, пишува АП.

Поддржувачите на укинување на смртната казна ја повикаа администрацијата на Доналд Трамп да ги суспендира сите егзекуции се додека Бајден не ја преземе функцијата.

„Бајден се противи на смртната казна, сега и во иднина“, рече секретарот за печатот Ти Џеј Дакло, но не наведе дали егзекуциите ќе бидат запрени веднаш откако Бајден ќе ја преземе функцијата.

Close